Ниту студови ниту снег: Каква зима не чека - долгорочна временска прогноза

 

И покрај прилично ниските температури во моментов и серијата разни предупредувања дека не чека поларна зима, долгорочните временски прогнози велат дека зимата не само што нема да биде поларна, туку таа ќе биде блага, со температури кои ќе бидат над просекот.
Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, веќе кон крајот на оваа недела ќе имаме благ пораст на температурите за крајот на септември да заврши со максимални дневни температури кои ќе се движат околу 20 степени и минимални околу 10.
Врнежи ќе има но не нешто повеќе од она што сме го виделе во годините претходно.
Октомври како што е редот ќе биде нешто постуден од септември но и тоа нема да биде нешто многу изразено.
Во текот на целиот месец, со исклучок на последната недела ќе имаме дневни температури околу 20 степени а утрински над 5. Кон крајот на месецот се очекуваат пониски температури но мразови барем според долгорочните прогнози не се предвидуваат. Првите услови за мраз ќе се јават во втората половина на ноември. Тогаш утринските температури ќе бидат благо под нулата а дневните ќе се движат под 10 степени, откако во текот на целата прва половина на ноември ќе имаме прилично топло време со температури само нешто под 20 степени.


16.09.2024 - 20:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега