(ВИДЕО) Реки се излеваат, мостови се рушат: Поплавен и автопатот кај Виена
Неколку реки во централна Европа се излеаја денеска предизвикувајќи смроносни поплави од Полска до Романија. Пограничните области меѓу Чешка и Полска беа силно погодени во текот на викендот.
Некои мостови се урнаа и беа уништени куќи, а села и градови во источна Романија беа потопени.
Австриската влада ја прогласи целата покраина Долна Австрија погодена од поплавите, околу главниот град Виена и на границата со Чешка, за област на катастрофа. На социјалните мрежи се шират снимки од автопатот кај Виена, кој е целосно под вода.
Eine neue Aufnahme von der Südautobahn A2, vermutlich bei Wiener Neudorf #AustriaFlood pic.twitter.com/pL1yrDseUZ
— uwz.at (@uwz_at) September 15, 2024
Портпаролот на противпожарната станица утринава изјави дека ситуацијата била мирна во текот на ноќта. Но, до утре во земјата се очекуваат дополнителни 60 литри дожд на квадратен метар, изјави државен претставник.
Метеоролозите на јавната телевизија ОРФ предвидоа уште повеќе врнежи во одредени делови на Австрија, како Тирол и источниот дел на земјата.
Неколку стотици луѓе се спасени од поплавите во Долна Австрија, соопштија противпожарните служби. Пожарникар загинал во неделата додека вадел вода од подрумот. Иако нивото на водата се намали во Виена, денеска имаше огромни проблеми во јавниот превоз и повеќето линии на метрото во градот со два милиона жители само делумно функционираа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа