Левица предлага закон: Ограничување на киријата

 

Политичката партија Левица денеска до Собранието достави предлог закон со кој бараат да се ограничи висината на киријата на станбените објекти.
Од партијата сметаат дека сегашните кирии се превисоки и тоа ги спречува студентите во Скопје да живеат во станови, а нема доволно студентски домови.
Според Левица и нивниот предлог закон, киријата за стан со вредност до 100.000 евра во Скопје треба да се ограничи на 250 евра.

16.09.2024 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега