ДУИ: Кога ВМРО-ДПМНЕ вришти „ДУИ е криминална“ се спрема ново кршење на правата на Албанците

 

Секогаш кога ВМРО- ДПМНЕ бо координација со Олигархијата вришти “ДУИ е криминална”, тоа е јасен сигнал - нова прекршување  на правата на Албанците се спрема, обвинуваат од опозициската ДУИ.

Според партијата, ова е стара шема на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е нивната стара шема: секогаш кога се загрозуваат правата на Албанците, секогаш кога се обидуваат да сокријат етничка неправда, тие ја користат истата тактика - неосновани обвинувања за криминал, за да го одвлечат вниманието од нивните вистински постапки. Како што е добро познато на јавноста, договорот помеѓу нив и олигархијата е: за да се потчинат Албанците, потребно е политички да се ослаби ДУИ и да се регрутираат “Чесни Албанци”. Да биде јасно: ова не е битка против корупцијата, туку обид за зачувување на политичката доминација и за одржување на Албанците во потчинета позиција. Но, граѓаните не можат да бидат измамени - тие знаат дека секогаш кога ВМРО- ДПМНЕ и нивната Олигархија вришти “криминал”, всушност се обидуваат да прикријат етничка неправда, велат во соопштението од ДУИ.

Оттаму тврдат, немала до дозволат Албанците да бидат жртви на оваа стара стратегија. 

-Ќе ги браниме нашите права и нема да дозволиме никој да ја користи пропагандата за да оправда дискриминација, се вели во дописот. 

15.01.2025 - 13:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега