Експлозија во германски Келн: Во тек голема полициска акција
Експлозија утрово одекна во германскиот град Келн. Експлозијата била на влезот во еден локал. Полицијата веднаш излегла на терен, а истрагата е во тек.
Радио Келн јавува дека пожарот бил изгаснат уште пред да дојдат пожарникарите, но едно лице било повредено. Наводно станува збор за чистач, пишува „Билд“.
Експлозијата се случила во близина на областа Хоенцолернринг која била полна со барови, кафулиња и ресторани.
16.09.2024 - 10:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа