Полицијата влезе во домот на охриѓанец - пронајдена дрога
Вчера во 20.55 часот на улица „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.Л.(58) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и шишиња со течност помешана со зелена растителна материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
13.09.2024 - 11:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа