Македонија старее - белата чума зазема се поголем замав
Дека Македонија има сериозен проблем со падот на наталитетот покажуваат и официјалните податоци на Државниот завод за статистика кои говори за сериозен удар на белата чума особено во деловите на Пелагонија, Источниот и Вардарскиот регион.
Податоците говорат дека ако во 94-та година се родиле 31,421 бебе, лани овој број е сведен на само 23.569 бебиња. Ова не е проблем само со Македонија. Имено старее цела Европа! Голем број на аналитичари сметаат дека овој проблем е само еден вид на модерниот стил на живеење кај младите, кој не овозможува ниту проста демографска репродукција.
Над 70% од брачните парови во Европа имаат по едно или две деца, а статистиката покажува дека за да наталитетот остане во позитива потребни се 2,5 деца од еден брак.
Пензионерите во Македонија сочинуваат една третина од македонското население, односно секој трет во Македонија е пензионер. Бројката на истите се зголемува, а активното население се намалува, па сега во просек по 1,7вработени издржуваат еден пензионер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа