Македонците од Мала Преспа денеска ќе му се насладуваат на виното
Македонците од Мала Преспа ја продлжуваат традицијата на организирање Ден на виното. Годинава манифестацијата се одржа во селото Долна Горица.
Во Националниот парк „Преспа“ производителите од оваа област конкурираа за најдобро вино, а најквалитетните беа наградени.
Жените подготвија традиционални јадења, а манифестацијата беше збогатена и со македонски песни и ора изведени од фолклорната група на деветолетката „Отпорот на Горичени“ од Долна Горица.
Речиси секое семејство во Мала Преспа има лозов насад и произведува вино.
23.12.2013 - 11:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа