Издрогиран кумановец ја исптепал баба му

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.К.(24) од Куманово за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“. На 10.05.2013 година, околу 14,00 часот во Куманово на ул. „Солунска“, во семејната куќа, пријавениот под дејство на наркотични дроги, без повод и причина почнал да ги крши дрвените скали, а потоа со нож и ја исекол блузата на неговата баба М.Ј.(81) и физички ја нападнал, нанесувајќи и телесна повреда. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена

најчитано сега