Се урна хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, членовите на екипажот се спасени
Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) се урна во областа на езерото Јабланица, на југот , потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) за радио Слободна Европа (РСЕ).
„Во хеликоптерот имало четворица членови на екипажот. Според првичните информации, тројца од нив не се повредени, а еден побарал медицинска помош“, изјави Људевит Мариќ, портпарол на МВР .
Причината се уште не е позната, изјави истиот извор.
Се додава дека повеќе информации ќе се знаат кога ќе заврши истрагата.
Соединетите Американски Држави и донираа четири нови хеликоптери Bell на Босна и Херцеговина во 2021 година во вредност од околу 35 милиони евра.
Едниот се превртел и бил оштетен во април 2022 година за време на обуката за летање.
Вооружените сили на Босна и Херцеговина „на хартија“ располагаат со повеќе од 40 хеликоптери.
Меѓу нив се и 35 хеликоптери Ми-8 кои се произведени пред повеќе од 40 години во поранешниот Советски Сојуз и сите, како што е најавено, ќе бидат отпишани поради неможност за сервисирање, застареност, исцрпување на ресурсите и неколку утврдени дефекти на основни склопови кои ги прават неисплатливи за ремонт .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа