Признанија за најуспешните спортисти, тренери и екипи на Скопје за 2013

 

Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје ги избра најуспешните спортисти, тренери и екипи на главниот град за тековната година.

Во категоријата лице со посебни потреби награден е Димче Михајловски, a Владимир Аницинов за спортист со особени достигнувања.  

Од младите спортисти наградени се Виктор Крстевски, Марија Божиновска, Матеј Ангеловски, Елмендин Сејфулау и Бојан Јанкуловски.

За најуспешни екипи прогласени се ракометниот клуб ЖРК Вардар-СЦБТ и кугларскиот клуб Макпетрол, а најуспешен тренер е Индира Касатартовиќ.

Наградите за најуспешни спортисти-сениори ги добија Евгениј Поп Ацев, Александар Стојковски, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Бојан Влакевски, Томи Стефановски, Слободан Ивчевски, Иво Цветковски, Ѓорѓи Чековски и Јасин Реџелари.

Добитниците ќе добијат плакети „Спортист, тренер и екипа на годината“ и парични награди за сениорите и младинците. Наградите ќе им бидат врачани утре во 11 часот во големата сала на Советот на Град Скопје. 

ФОТО: Новини.мк

23.12.2013 - 10:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега