Таравари тврди: Нема лекарска грешка во случајот со починатата пациентка
Министерот за здравство, Арбен Таравари тврди дека нема лекарска грешка во случајот со пациентката која почина вчера откако не ѝ била дадена респираторна поддршка на Инфективната клиника.
Одговарајќи на новинарско прашање рече дека станува збор за пациентка со акутна леукемија, а лекарите направиле сѐ што е во нивна моќ.
„Се работи за случај со акутна леукемија, тоа е сериозна болест, малигна болест за која обично има лоша прогноза. Пациентката е третирана според протоколите, а во меѓувреме е инфицирана и со ковид. Консултиран и анестезиолог и инфектолог, а треба да видиме од што починала. Ддена и е соодветна терапија. Дозволете да добиеме податоци, но нема лекарска грешка и гарантирам дека и е даден целиот потребен третман. Точно е дека треба да реновираме одредени одделенија, да, треба да реновираме. Треба и ние да работиме и да ги направиме условите подобри за нашите пациенти. Но, едно знам, причината за смрт не е дека не работела интензивна нега. Ние имаме интензивна нега на сите Клиники и овде се овозможуваат специјални услови за пациентите и не се случило да не биде третиран пациент, а ние мораме да реновираме. Респиратор има на сите клиники и побарав писмен извештај за да дознаам што точно се случило. Пациентката била хоспитализирана и не верувам дека причината е немање на респиратор“, одговори министерот Таравари за овој случај.
Според инфомрациите кои вчера ги објави СДСМ, во одделот за интезивна нега на Инфективната клиника не работи и не прима пациенти со ковид-19 на кои им е потребна респираторна поддршка.Според извештај на кој се повика СДСМ, како што е наведено во соопштението на оваа партија, директорот Фадил Цана информирал до Мој термин дека не работи интензивната нега.
Кратко по оваа објава на партијата, почина пациентката која според нив не била примена во болница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа