31-годишник ограбил авто-плац во Прилеп, полицијата го приведе

 

Полицијата вчера на улица „Александар Македонски“ во Прилеп го лишила од слобода Е.Р.(31) од село Ивањевци, општина Могила, поради сомнение дека во авто плац во Прилеп извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети.

Како што информира денеска МВР, кај него биле пронајдени одземените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

12.08.2024 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега