Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општината
Владата ја усвои информацијата на Министерството за локална самоуправа за конкретни активности за финансирање на капитални проекти во општините, за кои владата согласно својата програма има план да инвестира 250 милиони евра. За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс. Досега Министерството за локална самоуправа преку партнерство со УНДП и Шведската амбасада подготви 56 проектни документации за капитални инвестиции и проекти, од кои 54 за општински проекти и 2 проекти за планските региони. 17 се од областа на комунална, транспортна и бизнис инфраструктура,15 од социјалната инфраструктура и 22 од водоводната инфраструктура и заштита на животната средина. Владата го задолжи министерството да формира Комисија за оценка на предложените проекти.
Владата го задолжи МОН за формирање на Национално координативно тело за реформи во високото образование, наука истражување и развој чија задача ќе биде анализа на високото образование, и работата на високо научните институции со цел да се воспоставува ред и законито работење.
Владата ја усвои информацијата за користење на IPA II и IPA III програмите. Беше прифатен оперативен план за подобрување на капацитетите на институциите и осигурување дека целосно се користат можностите што ги нудат европските фондови. Финансиската анализа за искористеноста на ИПА фондовите по години е крајно поразителна. Досегашната анализа укажува на неискористени десетици милиони евра за капитални инвестиции од ЕУ фондовите. Планот опфаќа поефикасна искористеност на средствата и нивно ставање во функција.
На предлог на МОН беше усвоена информација за потребата од донесување на решение за почеток со работа на студиските програми од трет циклус на студии по ,,Површинска експлоатација на Факултет за природно и технички науки, при Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, со Предлог - решение за почеток со работа на студиската програма од трет циклус на студии по ,,Површинска експлоатација на Факултет за природно и технички науки, при Државен универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
На предлог на Министерството за култура и туризам беше разгледана информација за состојбите од штетите од невремето кои настанаа во објектот на Драмскиот театар Скопје. При тоа владата го задолжува Министерството за култура и туризам, согласно предвиденото во Програмата за работа на Владата 2024-2028 година, во Годишната програма за инвестиции во културата да планира ревидирање на реализација на проект за изградба на нов објект на местото на постоечкиот објект на НУ Драмски театар во Скопје.
Министерството за транспорт предложи измени на Законот за урбанистичко планирање со кој ќе се скрати и олесни процедурата за изградба на здравствени, образовни и научни објекти, како и катни гаражи кои ќе бидат во функција на решавање на сообраќајниот хаос. Со измените ќе се забрза процедурата и ќе се олесни начинот на градба.
Владата донесе повеќе кадровски одлуки:
2.Павле Трајанов e именуван за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
3.Блерант Рамадани е именуван за Национален координатор за примена на нови технологии.
4.Солза Грчева е именувана за Национален координатор за реформи во високо образование.
5.Фатон Фазлиу е именуван за в.д. директор на Управата за водење на матични книги, орган во состав на Министерството за правда.
6.Африм Ќоку е именуван за в.д. директор на Државниот девизен инспекторат.
7.Арсим Идризи е именуван за в.д. директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.
8.Бехар Емини е именуван за в.д. директор на Фонд за осигурување на депозити.
9.Дејан Станков е именуван за в.д. директор на Државен завод за статистика
10.Афрона Вервизоли е именувана за в.д. главен ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.
11.Неџмедин Садики на предлог на Министерот за енергетика, рударство и минерални суровини е именуван за в.д. директор на Агенција за задолжителни нафтени резерви.
12.Маја Ковачева е именувана за в.д. заменик на директорот на Агенција за лекови и медицински средства.
13.Бејтула Камбери е именуван за в.д директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
14.Кујтим Ибиши е именуван за в.д. директор на Управата за финансиско разузнавање.
15.Башким Бакиу е именуван за в.д. директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје.
16.Маре Богева-Мицовска на предлог на министерот за финансии, е именувана за в.д. директор на Биро за јавни набавки.
17.Игор Лазаревски е именуван за директор на Управата за хидрометеоролошки работи.
18.Наташа Котлар е именувана за в.д. директор на Државен архив на РСМ
19.Димитар Богески е именуван за в.д. заменик на директорот на Државен архив на РСМ.
20.Наим Љамалари е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес
21.Иво Николов на предлог на членовите на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е именуван за претседател на Управниот одбор на Фонд за иновации и технолошки развој.
22.Никола Додов на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е избран за в.д. директор на Фонд за иновации и технолошки развој.
23.Даниела Станковска Плачковска е именувана за в.д. директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија
24.Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ од должноста директор на ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ за в.д. директор да го избере-Ангеле Сотировски.
25.Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ за в.д. заменик на директорот да го избере-Мевлан Марина.
26.Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за водоснабдување „СТУДЕНЧИЦА’’ – Кичево од должноста вршител на должноста директор на ЈП за водоснабдување „СТУДЕНЧИЦА’’ – Кичево за в.д. директор да го избере-Александар Петрески.
27.Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА од должноста директор на ЈП „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА за в.д. директор да ја избере-Вера Бешлиевска.
28.Владата да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА од должноста заменик на директорот на ЈП „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА за в.д. директор да го избере-Сирија Рашиди.
29.На Наумче Мојсовски, му се утврди престанок на функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт согласно закон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа