Немало патници во автобусот на ЈСП Скопје што се запали во Бутел, неофицијално позната причината за пожарот

 

Немало патници во автобусот на ЈСП Скопје што денеска се запали во близина на старата општина Бутел. Неофицијално пожарот во автобусот ЛАЗ од украинско производство е предизвикан од неисправна инсталација, но тоа треба да го потврди истрагата.

Противпожарната бригада на град Скопје со едно возило интервенираше и веднаш го изгасна пожарот на запалениот автобус на ЈСП Скопје на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во близина на старата општина Бутел. 

29.07.2024 - 15:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа