Таравари: До крајот на годинава ќе се вработат 300 приватни специјализанти
Министерот за здравство, Арбен Таравари соопшти дека на денешната владина седница е донесена одлука за вработување на 300 приватни специјализанти до крајот на годинава.
-Уште едно реализирано ветување. До крајот на годинава ќе се вработат 300, а идната година плус 300 приватни специјализанти. Денеска по предлог на Министерството за здравство, на владина седница ја разгледавме и ја усвоивме информацијата за вработување приватни специјализанти од областа на здравството, неопходни за јавните здравтсвени институции во РСМ за 2024 година, напиша на социјалните мрежи Таравари.
Со оваа одлука, како што посочува Таравари, Министерството за финансии се задолжува до декември 2024 година да обезбеди дополнителни финансиски средства во износ од 38.000.000 денари за вработување на 300 приватни специјализанти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа