Ужас во Белград: Тинејџер претепал татко што туркал количка со бебе
Драган Р. (36) бил примен на Ургентниот центар во Белград со скршеници на лицето и поради сериозноста на повредите бил ставен во вештачка кома.
Поради нанесување тешки телесни повреди, полицијата веднаш го привела Љ. Т. (19) и одредила полициски притвор.
Според „Телеграф.рс“, Љ. Т со автомобил „ауди“ излегувал од паркингот, а потоа влегол во конфликт со Драган, кој туркал количка со бебе, а до него одела неговата сопруга.
Човекот се исплашил дека младиот возач ќе ја удри количката со детето, со рака удрил во задниот дел од автомобилот и му рекол на возачот да погледне каде оди.
Бесен од таквиот потег Л. Т. излегол од возилото и по кратка вербална расправа, почнал да го удира Драган со тупаници. Кога мажот се онесвестил и паднал на подот, наводно продолжил да го клоца.
Возачот, според написите, згазнал на гас и го напуштил местото на пресметката, но набргу се вратил и ѝ се предал на полицијата.
На претепувањето на Драган Р. сведок била неговата сопруга, како и неколку случајни минувачи.
Истрагата ја води Првото основно јавно обвинителство, а против Љ. Т. е поднесена кривична пријава за нанесување тешка телесна повреда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа