Директорот на Затворот во Шутка: Како недостасуваат 10 лица, а само еден е пријавен во полиција?

 

Директорот на Затворот Скопје, Филип Андов не може да сфати како недостасувале над 10 затвореници во затворот, а пријавен бил само еден во полиција.

По објавата на „Press24“, Андов во изјава за порталот „Скопје1“ кажал дека е на одмор и дека за состојбата бил запознаен од командирот.

„Имам забелешка. Како недостасуваат 10 лица, а само еден е пријавен во полиција? Известен сум од командирот дека од Управата биле на проверка, каде по завршувањето, директорот не успеал да ги забележи во собите овие десет лица и се појавиле отпосле. Моето прашање е, ако десет лица биле во бегство или 11, зошто не се пријавени или нема постапка? И зошто нема постапка за сите останати 10 лица, за да се префрлат во приемно одделение, да им се одземат сите права? Дотолку повеќе, што, по сознанија, денеска пак можат да ја напуштат институцијата. Ако има за сите службени белешки, ова е тежок престап и треба да се обезбедат луѓето во приемно одделение додека не се заврши постапката за сите лица, ако како што тврди тој, затворениците не се најдени во своите соби“, вели Андов.

Претходно директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во изјава за „Press24“ рече дека во вчерашниот надзор недостасувале над 10 затвореници. Им се јавувале на телефон за да се вратат во затворот, но еден од нив се појавил. Во 2:47 часот било пријавено во полиција дека еден од затворениците избегнал.

20.07.2024 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега