Четворица прилепччани заработија кривични: Се играло комар во изнајмен простор
СВР Битола поднесе кривична пријава против Г.С.(55), Б.С.(37), К.Н.(58) и Д.П.(55), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.
На 16.09.2023, полициски службеници извршиле контрола во објект на ул.„Борка Левата“ во Прилеп, кој првопријавениот го користел под наем од второпријавениот, при што биле затекнати К.Н. и Д.П. при играње комар, а на масата имало оставени пари како облог.
19.07.2024 - 17:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа