Утре е голем празник: Оставете ги децата да си играат надвор, еве зошто
Денеска се прославува Преподобен Сисој Велики -заштитник на децата и брз помошник во секоја тага и неволја. Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат.
Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви.
Најголемиот број обичаи врзани за Свети Сисој кои се почитуваат се врзани за децата. Многу мајки постат седум дена пред овој празник за да се причестат, а се верува дека така децата ќе бидат здрави и дека во животот ќе ги следи среќа.
Во народот се верува дека на овој ден задолжително треба да запалите свеќа на овој светец, како би ви тргнало во животот. Исто така се верува дека не е добро најмладите, чиј заштитиник е овој светец, да го игнорираат денот на оној кој ги чува.
Ако на овој празник врне треба да ги пуштите децата надвор добро да искиснат. Во некои краишта е сочувано верувањето дека тоа е водата која Свети Сисој им ја испраќа од небото и дека така најдобро и најздраво ќе пораснат.
Постарите велат дека Свети Сисој е најголемиот прогонувач на сите ѓаволи кои ги напаѓаат децата, па се верува дека денеска децата може да останат надвор и навечер, бидејќи демоните ќе избегаат и ќе се сокријат.
Народот вели дека се што ќе се роди на Свети Сисој ќе биде среќно и долговечно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа