Затвореник од штипскиот затвор бил пуштен за викенд, па со фалсификувана лична карта пробал да отиде во Грција

 

Синоќа во 23.00 часот на Граничниот премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(32) од с.Баница, струмичко, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил фалсификувана бугарска лична карта на туѓо име.

При извршени дополнителни проверки било утврдено дека А.Р. издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Штип, од каде бил пуштен на викенд.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија, по што бил спроведен во установата.

09.07.2024 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега