Струмица ја тресе уште еден скандал со НВО - советник на СДСМ се збогатил за 2,5 милиони денари
Уште еден висок париски функционер на СДСМ во Струмица добивал пари од Општина Струмица преку својата невладина органзиација, пишува Курир.
Според Курир, Петар Божинов, актуелен советник во општина Струмица од СДСМ, преку неговата невладина органзиација “Културно забавен Живот“ во 2012 година добил 2,5 милиони денари од општина Струмица за организирање на фестивал.
Не е познато дали “Културен забавен живот“ поднела Извештај за организацијата и реализацијата на фестивалот, ниту дали поднела финансиски извештај за остварените приходи и расходи, како што било обврзано со член 3 од одлуката на Советот на општина Струмица.
Од општина Струмица и од СДСМ сеуште молчат за скандалите со доделување на пари на фирми и здруженија блиски до СДСМ.
Македонските медиуми деновиве објавуваа дека Општина Струмица доделувала милиони денари на здружението Младински Совет во која основач е Зоран Заев, на здружението Евро-Визија во кое овластено лице е асистентот на пратениците од СДСМ, Ацо Манински. Во јавноста излегоа и информации дека високиот раководител на сектор во локалната самоуправа во Струмица Тони Милушев, му доделувал пари на здружението Новус во кое основач е неговиот син Ѓорѓи Милушев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа