Владата ги укина економските директори во јавните здравствени установи
Согласно измени на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Владата донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, информираат попладнево од владината прес-служба.
Како што се појаснува во соопштението, ќе се укине постоењето две управувачки позиции - организациски и медицински директор, што досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите.
- На овој начин ќе се одбегне дуализмот и прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите. Исто така, на овој начин се исполнува уште едно ветување од програмата на Владата, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа