Мециновиќ: Идеолошки залутаните Бранковисти од ЗНАМ поддржуваат десничарска влада
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2024/06/23/441963832997763598747350634955843664423510n.png?itok=xRC4o0d-)
На собраниската Седница за избор на нова Влада, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, реплицираше кон ЗНАМ, ставајќи акцент на тоа дека ,,идеолошки залутаните Бранковисти, поддржуваат десничарска влада".
- Вашето движење ЗНАМ е едно обично десничарско движење кое ќе учествува во десничарска влада! Спомнувате и велите дека се декларирате како левичар, вие рековте дека ќе бидете горди што на Балканот Македонија ќе ги има најниските даноци! Ве молам, вратете се и кажете каде ви е овде логиката? Каде ви е идеолошката матрица? Кои се позициите на кои застанувате? - обраќајќи се кон ЗНАМ, потенцираше во својата реплика пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ.
Пратеникот МЕЦИНОВИЌ даде осврт и кон Програмата на новата Влада.
- Ова мене не ме изненадува - вашата изборна програма која е на пет страници. ,,ChatGPT" може да напише изборно посодржајна програма. Економски мерки имате три, од кои една е економски одржлива економија. Еве, ние сме за економски неодржлива економија! Не ви ги разбирам аргументите! Аргументите ги немате затоа и поддржувате десничарска Влада - појасни Мециновиќ.
Пратеникот Мециновиќ поентираше дека единствена политичка партија која ќе се спротивстави на десничарската ДПМНЕ е Политичката партија Левица.
- Само автентична Левица, која сега е претставена преку нашата пратеничка група, може да се спротистави на десничарските баханалии, што ги спрема ДПМНЕ, со нивната Влада во наредните четири години - рече Мециновиќ.
23.06.2024 - 13:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа