Уште еден пожар го потресе Тетово - татко и син останаа без покрив над глава

 

Пожар проголта куќа на улицата 176 во Тетово во која живееле И.И.(26) и неговиот татко. Според информациите од тетовската полиција, пожарот избувнал ноќеска околу 1 часот по полноќ.

Според 26 годишниот И.И., тој ставил поголема количина дрва во печката и излегол од куќата. Кога се вратил, куќата веќе била во пламен. И покрај напорите на пожарникарите кои го локализирале пожарот околу 4 часот, куќата целосно изгорела.

 

Првичната материјална штета се проценува на околу 15 илјади евра. Полициските екипи вршат увид на местото, информираат од полицијата за МИА.

Неофицијално, причина за пожарот е неисчистен оџак што се запалил.

21.12.2013 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега