Груевски: Никогаш не мислев дека мораше да го смениме името

По повод последните изјави на екс грчкиот премиер Алексис Ципрас, дека ако во 2018 година не бил потпишан Преспанскиот договор, сега ќе имало притисок врз Грција да ја признае Република Македонија под тоа име, се огласи и екс премиерот Никола Груевски.

Тој на својот „Фејсбук“ напиша дека никогаш не бил за промена на името, и дека се покажало точно неговото тврдење.

„Многу луѓе говореа дека сме немале друг избор освен да го прифатиме грчкиот предлог за промена на името, историјата и идентитетот. Јас никогаш не мислев така.

 

Деновиве грчкиот премиер Ципрас во чие време македонската влада предводена од Заев го смени името, идентитетот и историјата под грчки диктат, објави дека сепак не бил единствениот избор да го прифатиме тоа што З.Заев и Н.Димитров ни го сервираа како единствен излез и заради што го направија најголемиот политички прогон во историјата на Република Македонија

Самиот Ципрас кажа дека ако не ни го смениле името тогаш сега веќе ќе морале да не прифатат во НАТО под тогашното уставно име Република Македонија.“, напиша Груевски.

20.06.2024 - 22:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега