Немале ниту 15 години: 14 малолетнички лани станале мајки

 

Во 2023 година се регистрирани 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Државниот завод за статистика ги објави податоците за наталитетот во 2023 година.

Во Македонија лани се родиле 7,4 отсто помалку бебиња отколку во 2022 година. Родени се 16.859 деца, од кои живородени се 16.737, а мртвородени 122. Од новороденчињата повеќето се машки, односно 50,9 отсто.

Според месецот на раѓање, најголем број деца се родиле во август – 1.558.

Според возраста на мајката, најголемо учество од 33,0 отсто имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај прворотките 28,1 години.

Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.

Во 2023 година кај нас се родиле 2.056 вонбрачни деца.

07.06.2024 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега