Гаши ја одржа првата редовна координација во новиот собраниски состав


Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ја одржа првата редовна координација во новиот собраниски состав, на која, главно, се дискутираше за конституирањето на комисиите, како и на неформалните работни тела во законодавниот дом.

На координацијата, покрај претседателот Гаши и генералната секретарка Цветанка Иванова, присуствуваа претставници на сите партии, односно коалиции кои освоија пратенички мандати на неодамнешните парламентарни избори: Никола Мицевски од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Спасовски од коалицијата на СДСМ, Блерим Беџети од Европскиот фронт на ДУИ, Халил Снопче од ВЛЕН, Бобан Карапејовски од ЗНАМ и Борис Крмов од Левица.

03.06.2024 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега