Шукова: Состојбата е сериозна, ниту дождот кој денеска паѓа не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла

 


Ниту дождот кој денеска паѓа во Скопје не може да го изгаси пожарот на депонијата Дрисла. Тоа најдобро покажува колку е сериозна состојбата и колку е неконтролирано горењето отпад кое со денови го труе воздухот што го дишат жителите на Скопје, рече кандидатката за градоначалничка на Скопје, од редовите на СДСМ, Каја Шукова.

„Во изминативе 4 години власта на ВМРО-ДПНЕ несоодветно го третира отпадот на Дрсила, и тоа е причина зошо се случуваат пожари на депонијата. Таму не прават буквално ништо што подразбира соодветно третирање на отпадот. Што значи соодветен третман? Отпадот се покрива со земја која се компактира односно пресува, со што се намалува волуменот на отпадот и најважно од се се истиснува кислородот, што е клучна причина за самозапалување.

Шукова вели дека процесот продолжува со повторно покривање до запачеатување на отапдот што се третира, и се спречува да нема кисород и да нема влага. Тоа може да се прави или со земја или со глина. Во близина на Дрсила има глина, која за жал не се користи.

„Паралелно не се третираат ни гасовите кои може да предизвикаат експлозија на депонијата, односно не се применува соодветен третман за контрола на гасови и нивно конторлирано палење за да се елеминираат“, посочи Шукова.

Како што вели Шукова, гасењето со вода дополнително отвара уште еден пробелем загадување на Маркова Река, бидејќи се што истекува од депонијата Дрисла се влева во реката.

„Еве како треба да работат јавните претпријатија во Скопје. Но фактичката состојба покажува колку структурата под раководство на ВМРО-ДПМНЕ е неука и неумее. Наместо заштита на граѓаните и соодветни решенија, најлесно е да се обвини СДСМ. Еднаш видовме неуспешна концесија за Дрисла, сега нудат јавно приватно партнерство, од тоа само ВМРО ДПМНЕ ќе има бизнис и личен профит, а жителите на Скопје и понатаму ќе се трујат. Јас знам и имам план како да се воспостави систем за отпад и да се спречат вакви еколошки катастрофи. Моето решение предвидува соодветен третман но пред се намалување на количините на отпад, преку селектирање и реупотреба. Дождт нема да ни го реши проблемот на Дрсила, без употреба на соодветни техники за управување со отпад“, додава Шукова.

11.09.2025 - 12:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега