Апсење на Табановце: Приведен скопјанец баран со меѓународна потерница
Вчера во 15.45 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Л.(34) од Скопје, затоа што при извршена проверка во оперативната евиденција било констатирано дека бил баран од Секторот за меѓународна полициска соработка - Интерпол за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик.
Тој бил предаден во СВР Куманово, по што бил спроведен во Казнено - поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.
29.05.2024 - 12:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа