Македонец загина во сообраќајна несреќа во Хрватска додека се расправал бидејќи му го "гребнале" ретровизорот

 

 

Македонец го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа во Винковци во Хрватска. Како што пренесе 24сата.хр, се работи за 57-годишниот камионџија од Македонија,  и 37-годишен возач на Опел Астра.

До несреќата дошло поради низа несреќни околности кои се случиле претходно. Се работи закамион марка Мерцедес со македонски регистарски ознаки на кој имало приколка и друг камион Волво кои се судриле и си ги оштетиле ретровизорите. Македонецот веднаш излегол од својот камион и се упатил кон другиот камион со кој се судрил, но за жал не стигнал до него бидејќи на него налетал автомобил марка Опел Астра управуван од 37-годишен возач кој го удрил и усмртил на лице место. На местото на настанот починал и возачот на автомобилот.

Автомобилот бил смачкан до непрепознатливост, а само возачот од Србија успеал да ја преживее страотната несреќа. 

Засега од полицијата не моажт да потврдат со која брзина возел возачот на автомобилот кога се случила несреќата. 

Полицијата истражува во какви околности настанала несреќата.

 

20.12.2013 - 12:05
Фото: 
24сата.хр

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега