ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање на четири лица
На Единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска доцна попладне е добиена пријава за четири лица, меѓу кои и едно малолетно седумгодишно дете, кои планинарејќи од село Кожле кон Велес („месност „Манастирски Мост“) го згрешиле патот и залутале на стрмно место што претставувало опасност за понатамошно нивно движење.
Од ЦУК, информираат дека Регионалниот ЦУК Велес веднаш комуникациски координирал за пронаоѓање со СВР Велес, ДЗС – Велес и Општина (ЕЛС) Велес и дека тим од три члена од ДЗС тргнале на лице место за да ги извлечат залутаните лица со детенцето од опасниот стрм предел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа