Судскиот совет на итен полноќен состанок: Ќе се расправа за имунитетот на Наке Георгиев

 

Судскиот совет планира итен состанок на полноќ по апсењето на Врховниот судија Наке Георгиев, кој е осомничен за корупција. Иако Георгиев се повика на својот имунитет, Судскиот совет има овластување да одлучи дали ќе му го укине за да може правосудните органи да продолжат со постапката. Министерството за внатрешни работи потврди дека судијата е уапсен под сомнение за примање мито од 10.000 евра и дека се чека одлука од јавниот обвинител за следните чекори.

– Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело `Примање награда за против законито влијание`.
Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител, соопштиjа од МВР.

Георгиев, кој претходно се откажа од кандидатурата за член на Судскиот совет откако неговиот син беше избран за судија, се соочи со притисоци во Советот поради наводни неправилности во изборниот процес. И покрај обидите за негово разрешување, тој успеа да остане на функција, за разлика од тројца апелациони судии од Штип кои беа разрешени поради слични обвинувања.

Тој бил пријавен од лице кое тврдело дека му бил баран поткуп во врска со судски случај, а на кого врховниот судија му ветувал олеснителни околности во случајот против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев поврзан со трговија со марихуана.

Полициски извори потврдилја дека судијата Георгиев бил префрлен во полициската станица Кисела Вода.

20.05.2024 - 22:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега