Неексплодирана рачна бомба, мина и граната пронајдени во Битола
Регионалниот центар за управување со кризи - Битола информира дека вчера, по дојава на граѓани, од атарот на село Канатларци во општина Прилеп, безбедно се подигнати и отстранети една артилериска граната 155мм една мина од монофрлач 75мм и една рачна бомба.
- Сите неексплодирани убојни средства се од Првата светска војна. Истите безбедно се пренесени во магацинот на ДЗС во Битола и со нив ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку да се јават на 112 во ЦУК, потенцираат надлежните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа