Драма во Скопје: На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „изнуда“.
На 13.10.2023 пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила го внеле В.М. во патничко возило.
Mу одзеле накит и 2.500 евра, а потоа го присилиле да земе мобилен телефон од мобилен оператор на свое име и да му го даде на пријавениот.
13.05.2024 - 17:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа