Тримесечното бебенце од Тетово ја добива битката со животот

 

Во стабилна здравствена состојба се тримесечното бебе и две и полгодишното девојче кои беа примени во Клиниката за детски болести поради вдишување чад во пожарот што се случи вчера во станбена зграда во Тетово, потврдуваат денеска од Клиниката за детски болести, пренесува МИА.

Според директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, дечињата не биле во стабилна состојба кога биле примени, но, сега се подобро и се под постојан надзор на лекарите.

- Тие во моментов се уште се на одделот за интензивна нега и терапија што значи нашето следење и мониторирање е сепак најбезбедно таму во моментот, вели Софијанова.

По пожарот во Тетово, шест лица се задржани на лекување во Медицинскиот центар во градот, но се надвор од животна опасност.

19.12.2013 - 12:54
Фото: 
Телеграф

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега