Полицајците ќе може да се протнат во секој агол - МВР доби нови скутери
Министерството за внатрешни работи денеска доби шест скутери како донација од Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патишта (РСБСП).
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска вели дека оваа донација е и симболична потврда на долгогодишното и традиционално партнерство меѓу МВР и РСБСП. На овој начин, рече Јанкулоска, сакаме да испратиме и порака за потребата од поголема одговорност во сообраќајот, односно поголем ангажман од сите учесници во сообраќајот.
- На овој начин со промовирање на друга форма на мобилност на полицијата во сообраќајот ќе настојуваме полициските службеници да бидат колку што е можно поприсутни и од аспект на време и од аспект на фактичко нивно присуство во средините каде што понекогаш е тешко да се стигне заради гужвите и густината на сообраќајот, како и заради одредена брзина на движење на превозните средства која во голема мера зависи од бројот на учесниците во сообраќајот, рече Јанкулоска.
Министерката истакна дека партнерството на МВР со РСБСП продолжува со низа заеднички активности и во делот на превентивата, но и генерално подобрување на состојбите во сообраќајот бидејќи, за жал, рече таа, статистиката со која се соочивме оваа година не ни дава за право да бидеме релаксирани, напротив таа е поразителна и мора да направиме дополнителни напори за зголемување на безбедноста.
- Скутерите се еден од најпродаваните модели во Италија, a во 2012 година се најпродаван модел, снагата им е 200 кубика и се едни од најбараните модели во Европа, рече претседателот на РСБСП, Никола Ангеловски.
Новите скутери на полицијата погледнете ги тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа