УЈП потсетува: Истекува рокот за поднесување Барања за отпис на камати на достасани обврски
Oд Управата за јавни проходи денеска потсетуваат дека на крајот на декември истекува рокот за поднесување Барања за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година.
Апелираме, обврзниците да не го чекаат последниот рок за да ја искористат можноста за отпишување на каматите во износ од:
-100% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од шест месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.
-75% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 12 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.
-50% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето подносителот ја изврши во рок од 18 месеци од денот на поднесувањето на барањето и редовно ги исполнува достасаните тековни обврски.
За повеќе информации за начинот на остварување на правото за отпис на камати можете да ја посетите интернет страницата на УЈП на следниот линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/378, да се обратите во Инфо центарот на УЈП на 0800 33 000 или преку преку е-поштата: [email protected]
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа