Црногорски Ромео и Јулија - родителите им ја забраниле врската па се фрлиле во река
Црногорски Ромео и Јулија беа наречени 20 годишниот А.К. и неговата 2 години помлада девојка З.Т. откако минатата ндела се обиделе да си го одземат животот скокајки во река, бидејќи нивните родители им ја забранувале врската. За среќа, нивната приказна немала трагичен крај. Како што пренесуваат локалните медиуми, родителите на девојката им забранувале да се гледаат, па двајцата решиле да се самоубијат скокајќи во реката Цијевна, во близина на Подгорица. За среќа, полициските екипи реагирале многу брзо и вешто па успеале да го извадат парот од надојдените матни води на реката.
Момчето и девојката веднаш биле префрлени во Ургентниот клинички блок во Подгорица и нивната состојба е стабилна.
Додека докторите ги прегледувале,нивните семејства имале жесток расправија на раб на физичка пресметка во дворот на болницата поради што морала да интервенира полицијата.