Почина познатата српска актерка
Познатата српска актерка Ружица Сокиќ починала денеска во 79-та година од животот, после долго и тешко боледување, пренесуваат српските медиуми.
Ружица Сокиќ е родена во Белград во 1934 година како ќерка на трговецот и косопственик на весникот „Правда“, Петар Сокиќ. Уште како девојче учествувала во детската радиодрамска група на радио Белград, а во 1958 година дипломирала глума на Академијата за театарска уметност во родниот град.
Има глумено во 40 –ина филмови, уште за првата улога во 1965 година е наградена со Сребрена арена на фестивалот во Пула. Најголеми успеси постигнува со главните улоги во филмовите „Кад будем мртав и бео“ и „Жута“ за која ја има освоено Златната арена.
Таа во текот на 2010 година ја издаде книгата со мемоари „Страст за летање“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа