Братот на убиецот на Данка починал во полиција

 

Осомничениот Д. Д. (1984) од Бор кој во саботата добил притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на Д. Д. (1974), осомничена за убиството на двегодишната Данка Илиќ по извршеното злосторство, почина синоќа во Полициското одделение во Бор, соопшти српското МВР.

Д. Д. му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе со реанимација, тој починал во 3 часот и 10 минути, а лекарот судска медицина констатирал природна смрт. .
За настанот веднаш било известено Вишото јавно обвинителство Заечар, кое наредило обдукција во Институтот за судска медицина во Белград, додаваат од МВР на Србија.

07.04.2024 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега