Нов закон: Кој нема да овозможи плаќање со картичка ќе добие 1.500 евра казна
На пазарите, во трафиките, во такси возилата, мини маркетите во Грција, од денеска ќе може да се плаќа со картичка, со оглед на тоа дека ПОС терминалите се задолжителни во над 30 сектори во земјата, јави МИА.
Oд денеска ПОС терминалите се задолжителни во низа други бизниси, а за оние кои се вклучени во листата и нема да прифатат плаќање со картичка предвидени се казни во висина до 1.500 евра.
Ослободени од обврската засега се само сезонските бизниси, кои имаат рок ПОС да воведат најдоцна до почетокот со работа, а не до 31 март како што важи за останатите.
Паралелно со воведувањето на можноста за плаќање со картичка во сè повеќе сектори и со цел да се спречи затајувањето на данок, задолжително е фискалните каси да бидат директно поврзани со ПОС терминалите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа