Стан по стан се проверува опожарената зграда во Тетово - десетина луѓе во болница
Со боци со кислород, пожарникарите од стан во стан трагаат по луѓе кои не успеале да се евакуираат по силниот пожар кој денеска околу 13 часот изби во кула во тетовската населба Блок 70. Десетина луѓе меѓу кои има и неколкумина пожарникари побарале помош од лекарските служби. Сите имале проблеми со дишењто поради густиот дим и според првичните информации по укажаната помош се чувствуваат добро.
Неофицијалните информации говорат дека пожарот избил по експлозија во подрумските простории а димот брзо се раширил низ цела зграда и предизвикал паника меѓу станарите. Пожарникарите со механизација на приватни компмании и со сопствените возила ги евакуриаа граѓаните преку нивните прозорци. Бебиња со јаже се спуштаа од врвот на зградата. Бидејќи станува збор за многу семејства, некои мораа да чекаат и по неколку часа заглавени во својот стан.
Точните причини за избивањето на пожарот се очекува да ги утврди полицијата по увидот кој е најавен за утре.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа