ДОМ предлага паралелки со најмногу 24 ученици

 

Комисијата за образование на Демократската обнова на Македонија на трибината „Како до зелена училница? – Помал број  ученици во паралелки, поквалитетна настава“ предложи во една паралелка да има најмногу 24 ученици.

- Имајќи ги предвид досегашните искуства на просветните работници и учениците, ДОМ како зелена партија смета дека предложената измена ќе придонесе за поодржлив наставен процес заснован на интерактивност и креативност. Интерактивноста во помали класови ќе создаде атмосфера во која учениците ќе станат активни субјекти, ќе имаат повеќе време да учествуваат во работата со наставниците и соучениците, ќе се изразуваат како индивидуалци, што ќе ги поттикне нивните креативни и критички способности. Ова е особено важно и со оглед на вклучувањето на децата со посебни потреби во редовната настава, соопшти ДОМ.

Нам ни требаат помали, но подинамични класови-заедници, кои ќе придонесат денешните млади генерации да бидат конечно соочени со волјата за напредок и подобро утре, посочува ДОМ. 

18.12.2013 - 14:39
Фото: 
Кајгана

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега