Јана Атанасовска со нов рекорд за македонскиот спорт во Австрија

 

Седумнаесетгодишната Јана Атанасовска на вчерашната слаломска трка во скијачкиот центар Веинебене во Австрија го освои 2-то место, со вкупно време од 1:46.94. Овој пласман македонската скијачка надеж во силна конкуренција го оствари со резултат од 37.29 FIS точки, што претставува најдобар резултат во историјата на македонското скијање. Претходниот најдобар резултат од 47.97 FIS точки Јана го постигна пред два месеца.

По првата трка Атанасовска беше прва, со време од 50.55 и со голема предност од 0,71 секунда пред второпласираната, но во втората трка таа одлучи да скија повнимателно и да ја заврши трката за којашто знаеше дека ќе ѝ обезбеди одличен пласман.

Атанасовска во континуитет постигнува одлични резултати, а со неа македонското скијање за првпат има натпреварувачка надеж од која се очекувааат многу нови успеси на европско и светко ниво

16.03.2024 - 12:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега