Се вратија минусните температури, еве каде утрово беше најстудено

 


Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во Берово, Лазарополе и Попова Шапка утрово е најстудено, – 3 степени, а најтопло во Гевгелија 5 степени.

Како што соопшти УХМР, до 7.30 часот -2 степени се измерени во Маврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Скопје-Петровец, Тетово, Штип, Демир Капија, Струмица, Крушево, два во Претор, Виница и Куманово, три во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Велес и Кавадарци.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд, 1 литар на квадратен метар наврна во Битола.

Времето во текот на ноќта и изутринава беше променливо облачно со слаб ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

15.03.2024 - 09:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега