Анализите покажаа: Македонците најмногу сакаат да бидат инфлуенсери

 

Порталот за вработување „Џобсикер“ (Jobseeker) објави мапа којашто покажува во кои држави ширум светот – кои работни места се најбарани и најпребарувани за оваа 2024 година. Македонците, се чини, заедно со Малтежаните, единствени во Европа најмногу сакаат да бидат „инфлуенсери“.

Судејќи според картата, пак, воопшто, најпосакувана работа на планетава е пилот. Прашањето „Како да се стане пилот“ на интернет е пребарано 50.000 пати во јануари 2024 година. Оваа професија е најпопуларна во 55 земји. Со виолетово се означени Обединетото Кралство, Ирска, Шпанија, Полска, Индија, Кенија, Сомалија, Босна и Херцеговина итн.

На второто место се стјуардесите – со 29.000 пребарувања. Оваа работа е и најпребарувана во САД, Канада, Мексико и Бразил.

На место бр. 3 е професијата модел – вкупно 25.000 пребарувања на светско ниво. Со жолта боја се означени Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Романија, Хрватска, Словенија, како и Франција, Германија, Италија, Шведска, Алжир, Мароко и многу други земји.

Инаку, доктор е шестата најпопуларна работа (15.000 пребарувања – најпосакувана во Уганда, ДР Конго). Во Русија, Косово, Украина и Белорусија, пак, најпребарувана е професијата наставник (14.000 пребарувања) – место бр. 7 на рангирањето.

13.03.2024 - 20:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега