Стружанец ќе го менува светот - измислил автомобил на вода

 

Возило што наместо на гориво работи на вода е најновиот изум на стружанецот Димче Шипинкароски. Toj вели дека со помош на хидролиза успеал да најде начин водата да ја претвори во запаллив гас.

Според Шипинкароски со еден литар вода можат да се поминат околу 2.000 километри со што во овој случај возилото не се адаптира целосно да работи на вода, туку водородот и кислородот стимулираат да дојде до согорување на нафтата или бензинот.

- Исправата за патент која што ја добив се однесува за адаптација на дизел аграгатниот мотор на Ауди А6 во конкретниот случај, но истиот може и да се в гради и на останатите бензиски и дизел мотори. Со оваа адаптација која се вградува во моторот на возилото, значи со дестилација на водата, се дели водата т.е. се дели водата на две водородни единици и една кислородна единица. Со ваквата смеса која потоа се вбризгува во самиот мотор се добива некаде 40 до 50 проценти намалување на потрошувачката на гориво и самото возило е доста по стартно. Ваквиот систем доаѓа до целосно согорување на нафтата и нема штетни издувни гасови бидејќи целата согорува без остатоци, вели иноваторот.

Барањето за патентирање на неговиот изум, Шипинкароски го поднел во февруари 2011 година, а патентната исправа ја добил две години подоцна.

Слични вакви системи веќе постојат во светот. Според Шипинкаровски неговиот алтернативен систем за користење на горивата е економски поисплатлив, а намалувањето на потрошувачката на горивото зависи од типот на возилото

18.12.2013 - 13:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега