Илон Маск: „Оптимус“ и „Сајбертрак“ на Марс до 2026 година

 

Основачот и извршен директор на „Спејс-Икс“ (SpaceX), Илон Маск е убеден дека ќе ги лансира своите „Старшип“ ракети на Марс во 2026 година, а дел од товарот ќе бидат и неговите роботи „Оптимус“ (Optimus) и електричните теренци „Сајбертрак“ (Cybertruck).

Идеално би било да има самоуправувачки системи за производство на гориво и кислород на Марс, така што овие ресурси ќе бидат подготвени за пристигнувањето на астронаутите, кои ќе тргнат на патување до Црвената Планета во 2028 година. Исто така, би било добро „Оптимус“ и „Сајбертрак“ да ги подготват местата за слетување за идните мисии. Во таа смисла, намерата на „Спејс-Икс“ е да ја искористи тн. „Сабатијерова реакција“ што вклучува јаглерод од атмосферата и водород од мраз. Со ова се произведува метан и вода.

Што се однесува до екстракцијата на вода, таа ќе се добие со ископување на мразот на Марс, особено на неговите поларни области, каде што го има во изобилство. Освен тоа, според „Спејс-Икс“, атмосферата на Марс се состои од 95 отсто јаглерод.

Во процесот на електролиза на водата, се вели, освен водород, се произведува и кислород што може да се претвори и во течност за употреба како ракетно гориво.

Моторите „Раптор“ (Raptor) на „Спејс-Икс“ се создадени да користат течен метан и течен кислород. Затоа, овие природни богатства на Црвената Планета, се погодни за користење. Енергијата потребна за овие процеси може да се добие со помош на сончеви панели.

Од друга страна, пак, Маск има намера да го тестира својот теренец и роботите – во смисла и на проучување на способностите на вештачката интелигенција за поддршка на човечкиот живот на Марс. „Сајбертрак“ има робусна конструкција, а неговиот електричен механизам е погоден за теренот на Марс и може да се користи за превоз на астронаути и пренос на опрема. Ова возило може да се движи на тешки терени и да влече потешки товари.

А пак, „Оптимус“ е понапреден вид човековидни роботи. Работи со помош на ВИ, за да може оптимално да се прилагоди во околината и за помош во извршувањето различни задачи. Тоа е флексибилен робот којшто може да се користи и за повторливи задачи, како што се сервисните работи. Може да се користи и за поставување структури, поправка на машини на Марс и слично.

21.11.2024 - 20:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега