Од денеска нов раст на функционерските плати: Најскапиот функционер ќе го плаќаме над 2.700 евра месечно

 

Функционерите од денеска ќе добијат ново зголемување на своите плати. Со законот кој вчера пратениците си го изгласаа во Собранието, од денеска месечната плата им скокна за 1.213 денари и сега секој пратеник го плаќаме по 121.593 денари основна плата. Ако е во некоја од собраниските комисии, а речи си и да нема пратеник што не е, тогаш платата ќе му скокна на речи си 129.000 денари.
Талат Џафери во март ќе го платиме речи си 157.000 денари нето. Но тоа е само основната плата. Ако има на пример 15 години претходен стаж, само за минат труд ќе му доплатиме уште нешто под 12.000 денари што значи дека неговата плата ќе скокне на речи си 170.000 денари или над 2.700 евра.
Пратениците вчера изгласаа закон со кој си ги намалија коефициентите на платата бидејќи во спротивно премиерската и претседателската плата ќе дојдеа до 3.500 евра месечно.
Со вчерашните измени, функционерите добија „само“ 2.000 денари зголемување на највисоките и околу 1.000 денари на најниските плати.

 

01.03.2024 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега